Линкови за пристапност

САД одобриле зголемување на тајни армиски активности, тврдат новински извештаи


Информацијата прв ја објави Њујорк тајмс, чиј извештај наведува дека наредбата би овозможила извидување што би помогнало на армиските напади во Иран доколку ескалира напнатоста во врска со иранската нуклеарна програма.

Медиумски извештаи наведуваат дека американската армија одобрила проширување на тајните операции на Блискиот Исток, Рогот на Африка и Централна Азија за да ги попречи терористичките организации во регионот.

Во извештаите објавени вторникот се вели дека генералот Дејвид Петреус, кој е на чело на Американската централна команда, минатиот септември потпишал тајна директива со која одобрува американските сили за специјални операции да бидат испратени и во пријателски, и во непријателски земји како Иран, Саудиска Арабија, Јемен и Сомалија.

Оваа информација прв ја објави весникот Њујорк тајмс, чиј извештај наведува дека наредбата би овозможила извидување што би помогнало на армиските напади во Иран доколку ескалира напнатоста во врска со иранската нуклеарна програма.

Претставници на Одделот за одбрана за Тајмс велат дека наредбата би овозможила посистематски и долгорочни тајни операции од оние за време на претходните влади.

Официјални лица за медиумите велат и дека целта на програмата е да изгради мрежа и врски со локалните безбедносни сили кои би можеле „да пенетрираат, да ја попречат, поразат или да ја уништат“ Ал-Каида и другите милитантни организации.

XS
SM
MD
LG