Според истражувања на јавното мислење спроведени во октомври и ноември 2010 година, тројца од четворица од околу 1.500 американски испитаници, ги поддржуваат посредничките напори на администрацијата на претседателот Обама со Палестинците и Израелците. Според раководителот на анкетата Сибли Телами, професор за мир и развој во Универзитетот Мериленд, повеќето Американци велат дека сакаат САД да бидат фер и неутрален посредник во мировните разговори.
„Она што паѓа во очи е како мнозинството Американци веруваат дека арапско-израелскиот мир е меѓу петте прашања од интерес на САД. Очигледно дека американската јавност ова го гледа како централно прашање. Две третини од Американците сакаат САД да бидат активно инволвирани во дипломатските напори и да имаат неутрален став“, вели овој експерт.
Телами додава дека истражувањето покажува дека се` поголем дел од јавноста во САД ја сфаќаат важноста на предлогот за дводржавно решение, централно прашање во преговорите за креирање на палестинска држава, сосед на Израел, со постоење на мирољубиви меѓусебни односи.
Додека 41 процент од Американците веруваат дека напорите на администрацијата на претседателот Обама за решавање на конфликтот, одат во вистинска насока, 30 проценти ја критикуваат владата дека не го дава својот максимум.
„Јавноста осознава дека ова е и прашање од национален интерес, а не само за доброто на Израелците и Палестинците. Американците ги разбираат последиците од евентуалниот неуспех и сакаат САД да успеат во напорите“, вели професорот Телами.
Телами спровел и две други анкети меѓу 500 еврејски Израелци и 600 Арапи кои живеат во Израел. Солидно мнозинство од 63-те проценти од Арапските Израелци и 47 проценти од Еврејските Израелци се изјасниле дека мир меѓу Израел и Палестина нема никогаш да се случи. Но 62 процента од Израелците веруваат дека Израел треба да стори повеќе за промовирање на одржлив мир со Арапите, поддржувајќи не само формирање на палестинска држава, но и одредени модификации на предвоените граници на Израел од 1967-та со своите арапски соседи, по кои се воделе преговори. Мнозинството на еврејските Израелци велат дека со внимание ги следат напорите на администрацијата на претседателот Обама за поседеува во изнаоѓање на решение за конфликтот.
Според експертите, се` повеќе Американци на израелско-палестинскиот мировен договор гледаат како на итно прашање од национален интерес на САД, со оглед на тоа што конфликтот и натаму го разгорува анти-американското расположение во арапскиот и исламскиот свет.