Линкови за пристапност

Генерално позитивни реакции за смртта на бин Ладен на Блискиот Исток


Генерално позитивни реакции за смртта на бин Ладен на Блискиот Исток
Генерално позитивни реакции за смртта на бин Ладен на Блискиот Исток

Хамас и Иран со поинакви тонови за смртта на најбараниот терорист

Веста за смртта на Осама бин Ладен генерално беше примена со поздравување на Блискиот исток.

Турскиот претседател Абдула Ѓул рече дека убиството на бин Ладен од страна на американските сили покажало дека на крајот терористите ќе бидат фатени - живи или мртви.

Во Израел, една од државите мета на aл-Каида, премиерот Бенџамин Нетанјаху ја окарактеризира смртта на лидерот на терористичката организација како гласен знак за победувањето на правдата.

Во Ирак, каде се одвиваше најголем дел од секташкото насилство под закрила на локалната ал-Каида, се појавија знаци на оптимизам. Но, ирачките безбедносни сили се во состојба на зголемена подготвениост од евентуални одмазнички напади.

Саудиска Арабија, родното место на бин Ладен, преку државната новинска агенција изрази надеж дека неговата смрт ќе придонесе во анти-терористичките напори.

Палестинската милитантна група Хамас, сепак, го осуди неговото убиство и го означи бин Ладен како „свет арапски воин“. Министри од Бахраин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати не ја коментираа смртта на најбараниот терорист во светот.

Во Јемен, татковината на неговите предци, официјален претставник од владата, зборувајќи анономно за Ројтерс, изрази надеж дека смртта на бин Ладен ќе го „искорени тероризмот ширум светот.“

Во Иран, портпаролот на Министерството за надворешни работи, Рамин Мехманпараст изјави дека со смртта на бин Ладен, повеќе нема потреба странски држави да испраќаат војници во регионот да се борат против тероризмот.

XS
SM
MD
LG