Линкови за пристапност

Средба Обама – Калдерон: акцент на имиграцијата


Обама и Калдерон дадоа изјави по речиси двочасовната средба.

Имиграцијата се издвои како клучна тема на средбата во Белата куќа меѓу американскиот претседател Барак Обама и неговиот мексикански колега Фелипе Калдерон, со посебен акцент на ноvиот контроверзен имиграционен закон на сојузната држава Аризона.

Обама и Калдерон дадоа изјави по речиси двочасовната средба.

Обама кажа дека имиграциониот закон на Аризона има потенцијал да биде применуван на дискриминирачки начин, како и дека неговата примена може да биде проблематична. Па сепак, тој додаде дека разбира оти законот ја рефлектира фрустрацијата поради неуспехот на политиката на федералното ниво да се справи со илегалната имиграција долж американско-мексиканската граница.

Обама и Калдерон изразија согласност за напорите што треба да се направат на обете страни на границата со цел имиграцијата да биде безбедна и легална. Обама кажа дека ќе биде потребен двопартиски напор во САД за Конгресот да усвои сеопфатна реформа на имиграционите закони.

XS
SM
MD
LG