Линкови за пристапност

Национална гарда помага во обезбедувањето на границата со Мексико


Припадниците на Гардата ќе бидат распоредени долж границата во сојузните држави Аризона, Тексас, Калифорнија и Ново Мексико.

Сили на Американската национална гарда од 1-ви август ќе се распоредат на границата со Мексико за да помогнат на федералните агенти за погранична контрола во спречување на влегувањето илегалната имиграција и дрогата.

1.200-те војници таму ќе останат една година. Тие ќе носат оружје, но имаат наредба да го употребат само во самоодбрана. Припадниците на Гардата ќе бидат распоредени долж границата во сојузните држави Аризона, Тексас, Калифорнија и Ново Мексико.

Комесарот за царина и гранична безбедност Алан Берсин вели дека насилството на американско-мексиканската граница последниве неколку години ескалирало и е поврзано со тригодишната кампања на владата на Мексико за борба против картелите на дрога. Тој кажа дека границата е побезбедна од кога и да е` порано, но подвлече дека претстои уште многу работа.

XS
SM
MD
LG