Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала го погоди западниот дел на Мексико, во близина на границата со САД, при што загинаа најмалку две лица.
Според извештаите, најголема материјална штета од потресот има во Мексакали, главниот град на мексиканската држава Баха Калифорнија, како и во градот Калексико во американската сојузна држава Калифорнија.
Локалните власти рекоа дека од земјотресот била урната куќа, при што загинало едно лице, а преку 100 други во градот се повредени. Надлежните органи додаваат и дека автомобил удрил и убил човек во Мексикали при излегувањето од дома за време на земјотресот.
Поголемиот дел од Мексикали, со речиси милион жители, остана без електрична енергија. Од земјотресот беа урнати електрични столбови, а има и распукани патишта.
Од земјотресот со епицентар во Мексико, во Калексико, сојузна држава Калифорнија, е пријавено оштетување на неколку згради.