Линкови за пристапност

Мексиканскиот претседател во посета на Вашингтон


Мексиканскиот претседател во посета на Вашингтон
Мексиканскиот претседател во посета на Вашингтон

На дневен ред борбата против дрогата во Мексико, економските прашања и имиграцијата

Американскиот претседател Барак Обама денес е домаќин на мексиканскиот колега Филипе Калдерон, на разговори за борбата против дрогата во Мексико, економските прашања и имиграцијата.

До средбата доаѓа самое ден ден откако секретарската за домашна безбедност Џенет Наполитано изјави дека е мошне загрижена за растечкото насилство долж американско-мексиканската граница.

Се очекува на средбата да стане збор и за минатомесечното убиство на агент на американската царина во Мексико. Во случајот беше уапсен водач на мексиканска банда за трговија со дрога, но од американскиот Оддел за правда тврдат дека оружјето употребено во убиството е поврзано и со осомничен шверцер на оружје во Тексас.

XS
SM
MD
LG