Линкови за пристапност

Мекристал свикан дома да ја објасни критиката за Обама


Советниците на Мекристал воедно го критикуваат и американскиот потпретседател Џо Бајден, кој се залагал за многу поограничен пристап во Авганистан, за разлика од Мекристал.

Белата куќа го свика главниот американски командант во Авганистан, генералот Стенли Мекристал да се врати во Вашингтон и да ги објасни коментарите во кои тој и неговиот персонал го критикуваат претседателот Барак Обама и други членови на неговата администрација.

Во напис објавен во најновото издание на популарното американско списание Ролинг стоун, помошници на Мекристал наведуваат дека тој за првата своја официјална средба со Обама во Белата куќа, рекол дека не била ништо друго освен „10-минутна фото-сесија“.

Советниците на Мекристал воедно го критикуваат и американскиот потпретседател Џо Бајден, кој се залагал за многу поограничен пристап во Авганистан, за разлика од Мекристал.

Портпарол на началникот на Здружениот американски генералштаб, адмиралот Мајкл Малин, соопшти дека адмиралот изразил „длабоко разочарување“ поради коментарите. Малин понеделникот разговарал со Мекристл во врска со контроверзата.

XS
SM
MD
LG