Линкови за пристапност

Македонските граѓани во Либија згрижени на безбедно


Македонските граѓани во Либија згрижени на безбедно
Македонските граѓани во Либија згрижени на безбедно

Обиди преку Амбасадата на Србија да бидат вратени дома

Во Либија има македонски државјани, но сите се згрижени на безбедно. Од македонското Министерство за надворешни работи информираат дека се прават обиди преку Амбасадата на Србија тие да бидат вратени дома.

Нема информации колкав е бројот на македонски државјани кои се наоѓаат во Либија. Единствено се знае дека се тоа градежни работници кои имале професионален ангажман во Либија.

Министерството проценува дека состојбата во Триполи, во Бенгази и во реоните на Ај Бејда, Дерна, Тобрук и Ал Марж ќе се влошува и поради тоа голема е веројатноста да биде воведено ограничување на движењето. Доколку е можно, Министерството препорачува македонските граѓани затекнати во Либија да ја напуштат државата со редовните летови кон Европа, а оние кои веќе се во критичните реони да не ги напуштаат своите домови. На оние, пак, кои планирале или планираат патување во Либија, им препорачува да го избегнат патувањето.

XS
SM
MD
LG