Линкови за пристапност

Мекдоналдс размислува за покачување на цените


Мекдоналдс размислува за покачување на цените
Мекдоналдс размислува за покачување на цените

Раководството на компанијата ветува дека ќе стори се` покачувањето на цените на Мекдоналдс да не наштети на популарноста на хамбургерите и другите оброци на Мекдоналдс, привлечни поради пристапливата цена

Светски најголемиот ланец на ресторани за брза храна Мекдоналдс најави дека можеби ќе ги покачи цените годинава, за да ги покрие трошоците за состојките што ги употребува.

Компанијата очекува цените на прехрамбените продукти во САД годинава да пораснат од 2 до 2,5%, на што приближно отпаѓа една третина од приходот на компанијата од продажба. Мекдоналдс предвидува порастот во Европа, нејзиниот втор поголем пазар по САД, да биде уште поголем, - од 3,5 до 4,5%.

Раководството на компанијата ветува дека ќе стори се` покачувањето на цените на Мекдоналдс да не наштети на популарноста на хамбургерите и другите оброци на Мекдоналдс, привлечни поради пристапливата цена.

XS
SM
MD
LG