Либиските преодни власти потврдија дека Моамер Гадафи е погребан во необележан гроб на тајна локација.
Официјални лица велат дека заедно со Гадафи, неговиот син Мутасин и поранешниот министер за одбрана Абу Бакр Јунис биле погребани за време на истата церемонија.
Телото на Гадафи беше јавно изложено од петокот во комерцијален фрижидер во пристанишниот град Мисрата, каде жителите чекаа во редици да го видат со свои очи.
Во меѓувреме, групите за заштита на човековите права предупредуваат на големо количество необезбедено оружје во областа околу Сирт, каде Гадафи беше фатен минатата недела.
Хјуман Рајтс Воч со седиште во Њујорк јави дека извршиле инспекција врз две локации, каде пронашле воздушни проектили, тенкови, минофрлачи и друг вид на муниција. Групата јави дека ги посетиле локациите во саботата и пронашле тешка артилерија и муниција.
Хјуман Рајс Воч со месеци посочува на опасноста од оружјето предупредувајќи го Националниот транзиционен совет и НАТО да ја направат безбедноста на магацините за оружје врвен приоритет за новата власт во Либија.