Американските научници велат дека употребата на тродимензионалното компјутерско скенирање наместо рентген-снимање кај пушачи ја намалило смртноста за 20%.
Во истражувањето што го спонзорирал Американскиот национален институт против ракот, на 53.000 поранешни и актуелни пушачи им била направена или регуларна рентген-снимка, или тродимензионална комјутерска снимка, или спирална компјутерска томографија. Скенирањето со компјутер ја намалило смртноста за 20% бидејќи на овој начин туморот бил откриван во почетна фаза.
Спиралната компјутерска томографија ги слика сите страни на белиот дроб. Истата технологија се користи за дијагноза на рак на дојка и на дебелото црево.
Научниците сепак велат дека е прерано да ја препорачаат процедурата за лица кои никогаш не пушеле и додаваат дека скенерот може да даде погрешни позитивни резултати, или пак да го зголеми ризикот од други форми на рак од радијација.