Ширум Кина, милиони жители веќе ги прекинаа повеќедневните патувања за да се вратат во своите градови за прослава на Лунарната Нова година.
Почнувајќи од сабота, неколку дена ќе бидат затворени повеќето фабрики и бизниси, а мигрантските работници од градовите ги полнат возовите и автобусите. За некои, тоа е единствена шанса во годината да ги видат своите семејства. Од Министерството за железнички сообраќај велат дека сезонава се предвидуваат 230 милиони патници што би го користеле овој начин на превоз, пораст од 12,5 проценти од минатата година.
Некои од нив ќе заминат за Хонконг, каде Бордот за туризам потроши околу два милиона долари за да привлече туристи за време на годишната новогодишна парада.
Со цел да уживаат во тридневните прослави, патуваат и жителите на Хонконг и Тајван, а авионски резервации месеци однапред.
Според кинескиот календар, годината што започнува на 3-ти февруари, ќе биде година на зајакот, а според експертите на фенг-шуи, ќе биде одбележана со насилство и конфликти.
Фенг-шуи е популарен кинески систем за хармонизација на природните елементи – вода, дрво, земја, оган и метал.
Годинава дури и позната инвестициона банка во Азија во својот годишен извештај им порачува на инвеститорите да купуваат акции поврзани со вреднста на металот, како и од морнарицата, авионската индустрија, финансиите и игрите за забава - за да ја искористат предноста на силните елементи на металот и водата за време на годината на зајакот.
За прослава на Новата година се подготвуваат и Тајван, Сингапур, Јужна Кореја и Виетнам. Иако Тајланд ја одбележува Новата година одвоено, во Банкок стоковните куќи веќе имаат поставено декорации со зајаци и изложуваат кинеска храна.