Линкови за пристапност

Лондон повторно атрактивен за странските богаташи


Иако повеќето Британци се уште мака мачат со рецесијата и има голема стапка на невработеност, Лондон се надева дека милијардерите не само што ќе се вратат во градот, туку и ќе потрошат голема сума пари.

Лондон долго време важи како прва станица за најбогатите луѓе во светот. Но, неодамнешното економско забавување се одрази и врз странските инвеститори. По двегодишно затишје, тие се враќаат во градот и купуваат луксузни имоти во британскиот главен град. Руски олигарси се натпреваруваат со моќни блискоисточни семејства и нигерсики нафтени магнати за парче од лондонскиот пазар, и тоа со зголемен апетит!.

„Лондон е предводник во светот. Ако го анализирате пазарот во Њујорк, Лос Анџелес, Париз, Берлин, Франфкурт, југот од Франција – на овие места ќе им треба време да се опорават“, вели Тревор Абрамсон. Тој е агент за недвижнини кој работи со најбогатите. На неговата листа, на пример, се наоѓа луксузна куќа од 14 милиони долари во богатиот лондонски кварт Хемстед

Покрај трационалните купувачи од Блискиот Исток и Русија, паричниците ги отвораат и нови инвеститори.

„Најновите доаѓаат од Кина. Плаќаат меѓу 80 до 125 милиони долари за недвижнина“, коментира Абрамсон.

Рони Армист од инвестиционата советодавна компанија Стоунхејџ смета дека заслабнатата британска фунта има голема улога во развиженоста на пазарот:

„Тоа ги привлече странците. Заинтересирани се за луксузни нешта, како посета на спортски настани, Вимблдон или Кралската опера“.

Риџент стрит е една од најпознатите области за шопинг. Сопствениците ја ставија на продажба – и тоа за 2,5 милијарди долари! Меѓу заинтересираните наводно е и кралското семејство од Катар. Иако повеќето Британци се уште мака мачат со рецесијата и има голема стапка на невработеност, Лондон се надева дека милијардерите не само што ќе се вратат во градот, туку и ќе потрошат голема сума пари.

XS
SM
MD
LG