Линкови за пристапност

НАТО не планира да интервенира во Либија


НАТО не планира да интервенира во Либија
НАТО не планира да интервенира во Либија

Ситуацијата не е закана за НАТО или НАТО-сојузниците, но може да предизвика бегалска криза, вели генералниот секретар Андерс Фог Расмусен

НАТО не планира да интервенира во немирите во Либија, соопшти генералниот секретар на Алијансата Андерс Фог Расмусен.

За време на посетата на Украина, Расмусен кажа дека НАТО не примил барање за таква интервенција и подвлече дека каков и да е потег ва на Алијансата треба да биде базиран на мандат од ОН. Според Расмусен, ситуацијата во Либија не е закана за НАТО или НАТО-сојузниците, но затоа кажа дека може да предизвика бегалска криза.

Либискиот водач Моамар Гадафи е под меѓународен притисок поради насилството на неговите владини сили против демонстрантите во земјата.

Европската Унија веќе одлучи да подготви нови санкции против Либија, а САД исто така најавија дека размислуваат за санкции. Па сепак, ниту ЕУ, ниту НАТО немаат официјално сугерирано употреба на сила.

Американскиот претседател Барак Обама средата соопшти дека наложил на својот тим за национална безбедност да подготви „целосен обем на опции“ за справување со кризата.

Обама рече дека однесувањето на либиската влада ги прекршува меѓународните норми и кажа дека крвопролевањето и страдањето никако не може да се оправдаат. Според Обама, од клучно значење е сите земји да проговорат во еден глас за ситуацијата.

Обама ја испрати државната секретарка Клинтон во Женева на меѓународни разговори наменети на запирање на насилството во Либија. Клинтон средата кажа дека САД соработуваат со меѓуанродните партнери за да испратат јасна порака до либиските власти дека насилството е неприфатливо и дека режимот на Гадафи ќе се смета за одговорен за своите постапки. Таа рече и дека примарна грижа на Вашингтон мора да биде безбедноста на своите граѓани, наведувајќи дека се преземаат сите мерки за нивна евакуација од Либија.

XS
SM
MD
LG