Линкови за пристапност

Празни улици во Триполи по најавите за напади врз демонстранти


Празни улици во Триполи по најавите за напади врз демонстранти
Празни улици во Триполи по најавите за напади врз демонстранти

Гадафи се закани со убиство на секој кој кренал оружје на Либија

Очевидци во Триполи велат дека повеќето од улиците во либискиот главен средата биле пусти бидејќи жителите се плашеле да ги напуштат своите домови по заканите на либискиот лидер Мохамед Гадафи за напади врз противвладините демонстранти.

Според изјавите на сведоци за странски новински агенции, вооружени симпатизери на Гадафи и лица од други африкански држави кружеле по градот заканувајќи им се на луѓето кои се собираат, а повремено и отворале оган врз нив.

Новинската агенција Ројтерс јавува за поинаква сцена во источниот град Бенгази, каде и започнаа немирите против Гадафи. Според агенцијата, таму илјадници луѓе денес веќе слават на улиците со развеани знамиња и огномет.

Дописник на Гласот на Америка на египетско-либиската граница јавува за слична ситуација во тој град. Од истиот извор се дознава дека „добро вооружени лица“, славејќи ја наводната контрола врз регионот на источната граница, извикувале слогани и вееле знамиња популарни од ерата пред Гадафи да дојде на власт.

Според дописникот, во областа е хаотично. Хуманитарни работници и Либијци од странство се обидуваат да влезат во земјата за да внесат намирници, а има и странци кои сакаат да ја напуштат Либија.

Вторникот, според сведоци во Бенгази и околниот град Тобрук, жителите имале контрола врз улиците и го славеле поразот на силите на Гадафи.

Гадафи за време на телевизиското обраќање до нацијата рече дека ќе остане на власт и ги повика симпатизерите да се борат против демонстрантите. Тој ги опиша како „банди“ и „терористи“ и се закани со смрт на секој кој кренал оружје на Либија или бил вклучен во шпионажа.

XS
SM
MD
LG