Линкови за пристапност

ЕУ со пакет-санкции против Либија


ЕУ со пакет-санкции против Либија
ЕУ со пакет-санкции против Либија

Меѓународната заедница ги засилува мерките против Гадафи; САД бараат тој веднаш да замине од власт

ЕУ постигнала согласност за пакет-санкции против либискиот водач Моамар Гадафи на денешниот состанок во Брисел, наведуваат претставници на 27-члената организација. Со санкциите се зајакнуваат мерките што ОН веќе ги усвоија минатата недела.

Санкциите на ЕУ вклучуваат ембарго на оружје, замрзнување на имотот и забрана за визи за Гадафи и луѓето од неговите најтесни кругови. Истите мерки се вклучени и во резолуцијата што Советот за безбедност на ОН ја усвои саботата.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон денес на состанок на конференција за човекови права во Женева рече дека Гадафи мора веднаш да замине од власт, како и дека владата би требало да ја оформи самиот либиски народ. Клинтон ја повика меѓународната заедница да соработува на наредните чекори во однос на Либија и рече дека Вашингтон држи многу варијатни отворени за да помогне да запре владиното насилство во земјата.

ЕУ забрани продажба на опрема што либиската влада би можела да ја употреби против демонстрантите кои нешто порано месецов започнаа востание против 42-годишното владеење на Гадафи.

Министрите за надворешни работи на ЕУ и нивни колеги од други земји денес се состанаа во Женева на маргините на Советот за човекови права на ОН, за да коррдинираат дополнителни мерки против Гадафи.

XS
SM
MD
LG