Линкови за пристапност

Американско-пакистанските односи погодени од неовластениот протек на документи


Американско-пакистанските односи погодени од неовластениот протек на документи

Во преку 180 документи од десетиците илјади објавени, се опишува наводната загриженост на американската армија дека Пакистанската воена разузнавачка агенција обезбедила поддршка на елементи на Талебан во Авганистан.

Сериозноста на влијанието на обелоденетите тајни воени документи врз американско-пакистанските односи зависи од тоа кого ќе прашате и на која страна од пакистанско-авганистанската граница.

Во преку 180 документи од десетиците илјади објавени, се опишува наводната загриженост на американската армија дека Пакистанската воена разузнавачка агенција обезбедила поддршка на елементи на Талебан во Авганистан.

Иако овие информации од периодот меѓу 2004 и 2009 година не се потврдени, аналитичарот Абдул Вахид Такат, за Гласот на Америка изјави дека САД треба Пакистан да го сметаат за главен непријател и во регионот да се потпрат на Авганистан.

Такат бил генерал во авганистанската армија во `80-те и `90-те години. Во тоа време Пакистанската разузнавачка служба обезбедувала домашна и помош за САД во врска со некои од бунтовниците кои во тоа време се бореле против советските трупи во Авганистан.

Тој вели дека американското инсистирање за партнерство со Пакистан е бескорисно и дека САД треба повеќе да зависат од Авганистан и на регионот да му пристапуваат од авганистанска перспектива.

Но, пакистанскиот бригадирен-генерал во пензија Махмуд Шах не се согласува. Тој е поранешен началник на обезбедувањето за пакистанските племенски области, место каде многумина регионални експерти велат дека е засолниште на авганистански талебански елементи.

Шах додава дека додека одредена критика можно е да ги употреби овие документи за да изврши притисок врз Пакистан, според него, ЦИА е мошне добро информирана во регионот за да верува дека Пакистан помага да се убиваат Американци во Авганистан.

„Владата на Пакистан нема никаква причина да ги казнува Американците. Тие помагале и ќе помагаат. На владино ниво тие ќе се обидат да и` помогнат на американската влада достоинствено да се повлече од Авганистан“, изјави Шах.

Тој вели дека додека Пакистан води сопствена војна против домашните талебански елементи, Исламабад им помага на американските власти да ги уапсат лидерите на авганистански Талебан во Пакистан, и дури понуди помош во преговарање меѓу Талебан и владата на Авганистан.

Авганистанскиот политички аналитичар Акмал Дави вели дека Хамид Карзаи нема многу опции додека работи на планот за помирување и реинтеграција со Талебан, додека коалиционите сили ги објавуваат датумите за повлекување од Авганистан и дека треба да ја искористи можноста што ја дава про-кабулската влада во Пакистан.

Експертите веруваат дека САД нема да го напуштат Пакистан, но дека друга земја може да го зголеми притосокот САД да се свртат против Пакистан. Тука пред се` се посочува на Индија, која подолго време ја обвинува Пакистанската разузнавачка служба за поддршка на милитантните групи вклучени во тероростичките напади на индиска почва. Неодамна, Индија директно ја обвини Пакистанската разузнавачка служба за координација и контрола на смртоносните напади во Мумбаи во ноември 2008-ма, што Пакистан го порекнува.

Сепак, многумина аналитичари се согласни дека шансите за поголеми промени во американско-пакистанските односи се мали.

XS
SM
MD
LG