Линкови за пристапност

Најмалку 17 загинати во протести на опозицијата во Киргистан


Очевидците велат дека полицијата во средата употребила солзавец и оглушувачки гранти, пред да отвори оган за да ги растера илјадниците демонстранти кои почнале да одземаат полициски возила во градот.

Киргистанската влада објави вонредна состојба откако во судирот меѓу полицијата и анти-владините демонстранти во главниот град Бишкек, загинале најмалку 17 лица, иако оваа бројка не може да се провери.

Очевидците велат дека полицијата во средата употребила солзавец и оглушувачки гранти, пред да отвори оган за да ги растера илјадниците демонстранти кои почнале да одземаат полициски возила во градот. Демонстрантите кои бараат оставка на претседателот Курманбек Бакијев, се обиделе да ги урнат оградите пред седиштето на владата со блиндирано возило.

Немирите се прошириле во градот Нарјан, каде најмалку 1.000 демонстранти ја зазеле зградата на локалната власт.

Тензиите се зголемуваат во оваа централноазиска земја заради, како што велат активистите, репресивната политика на претседателот Бакијев.

Во Талас, очевидци велат дека демонстрантите во средата се обиделе да упаднат во седиштето на локаланата полиција, еден ден откако стотици демонстранти се судрија со полицијата. Демонстрантите кратко време во заложништво го држеле и регионалниот гувернер.

Официјални лица велат дека во немирите во вторникот во Талас биле повредени најмалку 85 полицајци. Киргистанскиот премиер Данијар Усенов припадниците на опозицијата ги нарече „бандити“.

Властите на инцидентот одговорија со апсење на неколкумина опозициони лидери.

XS
SM
MD
LG