Симнатиот од власт претседател на Киргистан Курманбек Бакијев се појави на протест во јужниот град Тејит, нарекувајќи го новото државно раководство - „гангстери“. Тој истакна дека останува легитимен претседател на поранешната советска република.
САД наведуваат дека го поддржуваат демократскиот развој во Киргистан и не планираат да го засолнат Бакијев.
Американскиот амбасадор во земјата понеделникот се сретна со водачката на привремената влада Роза Отунбајева и изрази сочувство до семејствата на 80-тината загинати во минатонеделните немири. Отунбајева вели дека армијата ја поддржува новата влада.