Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун изрази загриженост за стратегијата на Косово за интеграција на етнички поделениот северен дел на земјата.
Во извештај до Советот за безбедност, првиот човек на светската организација предупреди дека тензиите во регионот ќе се зголемат доколку владата на Косово не реагира транспарентно и во консултација со локалните органи.
Етничките Срби и Албанци во северно Косово се поделени уште од 2008-та година, кога етнички албанското раководсво на Косово прогласи независност од Белград. Србите, кои се мнозинство во северно Косово, одбиваат да го признаат постоењето на етнички албанските власти.
За време на посетата на регионот во јануари Генералниот секретар ги пофали напорите на српскиот претседател Борис Тадиќ за за поддршка на процесот на помирување во северно Косово.