Линкови за пристапност

Втор ден на заедничката воена вежба на САД и Јужна Кореја


Втор ден на заедничката воена вежба на САД и Јужна Кореја
Втор ден на заедничката воена вежба на САД и Јужна Кореја

Јужнокорејската новинска агенција Јонхап, соопшти дека во рамки на вежбите се симулирани напади врз непријателски подморници и бомбардери.

Американски и јужнокорејски воени бродови и хелихоптери во понеделникот ги започнаа активностите против подморници, на вториот ден од големата воена вежба чија цел е да се одврати севернокорејската агресија.

Јужнокорејската новинска агенција Јонхап соопшти дека во рамки на вежбите се симулирани напади врз непријателски подморници и бомбардери.

Вежбата наречена „Нескротлив дух“ ќе се одвива до среда и во неа учествуваат околу 8.000 американски и јужнокорејски војници, како и 20 бродови и подморници, вклучувајќи го и носачот на авиони „Ју-Ес-Ес Џорџ Вашинготн“. Во вежбата се употребуваат и авионите „Еф-22 Рапторс“, најсовршените бомбардери во американското воздухопловство.

Капетанот Дејвид Лусман, командантот на носачот „Џорџ Вашингтон“, истакна дека Северна Кореја е закана бидејќи земјата е непредвидлива. Тој го спомена потопувањето на јужнокорејскиот воен брод, како типичен пример.

XS
SM
MD
LG