Линкови за пристапност

Северна Кореја отвори артилериски оган пред армиските разговори


Баражот се случил во исто време кога Јужна Кореја завршила со петдневна воена вежба близу својот дел од границата.

Јужнокорејски армиски претставници тврдат дека Северна Кореја понеделникот отворила артилериски оган во водите на нејзиното западно крајбрежје, близу спорната поморска граница.

Според истиот извор, вкупно 110 парчиња муниција без последици завршиле во севернокорејскиот дел на границата во Јужното Море. Баражот се случил во исто време кога Јужна Кореја завршила со петдневна воена вежба близу својот дел од границата.

До инцидентот дојде на еден ден пред средбата на полковници од Северна Кореја и командата на ОН на чело со САД во демилитаризираната зона, што требаше да го подготви патот за генералската средба на која се очекуваше да се разговара за растечката напнатост.

Јужна Кореја понеделникот побара Северна Кореја да го ослободи рибарскиот брод со седумчлен екипаж заробен неделата.

XS
SM
MD
LG