Линкови за пристапност

Јужнокорејскиот претседател повикува на национално единство


Јужнокорејскиот претседател повикува на национално единство
Јужнокорејскиот претседател повикува на национално единство

Реториката на овој инаку конзервативен лидер заостри особено по севернокорејскиот напад на населениот остров Јеонпјонг на 23-ти ноември

Јужнокорејскиот претседател Ли Мунг-бак ветува неуморна одмазда доколку повторно биде провоциран од страна на Северна Кореја. Во обраќањето до нацијата истакна дека неговата земја се залага за мир, но дека стравот од војна никогаш не од помош во спречувањето на војна.

Во најновото радио обраќање за годинава, јужнокорејскиот лидер повика на национално единство, велејќи дека Северна Кореја на разединетите ставови во Јужна Кореја гледа како на можност за напад.

„Мора да постои национално единство. Нашите животи и опстанокот на земјата зависат од тоа“, рече Ли Мунг-бак.

Северна Кореја ја нарече најагресивната влада на планетата.

Реториката на овој инаку конзервативен претседател заостри особено по севернокорејскиот напад на населениот остров Јеонпјонг на 23-ти ноември, кога загинаа двајца јужнокорејски маринци и двајца цивили. Ли, неговата влада и армијата беа на мета на критики заради бавната, збунувачка и умерена реакција.

Оттогаш-наваму, Јужна Кореја одржа неколку воени вежби, а во две од нив учествуваа и американски сили.

XS
SM
MD
LG