Линкови за пристапност

Лузните на Катрина


Њу Орлеанс – седум години по ураганот.

На 29-ти август 2005-та, во период од 12 часа, ураганот Катрина го опустоши јужното американско крајбрежје, носејќи ветришта од над 230 километри на час. Уби над 1,700, расели стотици илјади луѓе. Седум години подоцна, жителите на областа се` уште се опоравуваат, се` уште трае обновата.

Катрина го остави Њу Орлеанс во урнатини. Беа уништени 120.000 од вкупо 200.000 илјади домови. 80% од градот беше поплавен.

„Ураганот не беше тоа што го уништи градот. Го уништи попуштањето на насипите“, раскажува неговиот жител Џон Бигунет, автор на книги и драми.

„ Јасно беше дека водата не мина преку насипите, туку тие опуштија во основата.

Причината е што при нивната изградба не било употребено доволно челик“, вели Бигунет.

За повторна изградба на системот за заштита од поплави се потрошени 14 милијарди долари, дополнителни милијарди за повторно развивање на некои делови на градот.

Но, фотографот Френк Рел, кој ја документира обновата, вели дека таа е со мешани резултати.

„Изградена е нова библиотека, но истовремено многу луѓе кои не можат да си ги обноват домовите“, наведува Рел.

Денес во градот има помалку сиромашно население, затоа што многугумина едноставно не можеле да си дозволат да се вратат, вели Џон Бигунет: „Градот е малку побогат, малку помлад и малку побел од пред поплавата. Градот е во транзиција. Многу луѓе се` уште ги носат лузните од она низ што минаа последниве шест години“.

За Френк Рел - тоа сега е приказната за градот. Ураганот Катрина го промени Њу Орлеанс засекогаш. Збриша големи делови, а оние кои беа повторно се градат, ги чека долг пат. Но, веќе почнува да се наѕира - нов град.

XS
SM
MD
LG