Линкови за пристапност

Карзаи: Обелоденетите документи загрозуваат животи


Креаторот на „Викиликс“ рече дека неговата група ги проверила документите за поткажувачите и дека не објавила повеќе од 15.000 такви документи.

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи го осудува објавувањето на тајните документи на американската армија, за што вели дека ќе ги загрози животите на оние кои им помогнале на меѓународните сили во Авганистан.

Карзаи, кој зборуваше во четврток во Кабул, обелоденувањето на информациите го нарече „неодговорно“ и „шокантно“ и истакна дека животите на информаторите сега се доведени во опасност.

Тајните документи за војната во Авганистан ги објави во неделата веб-страницата „Викиликс“.

Креаторот на страницата Џулијан Асанџ рече дека неговата група ги проверила документите за поткажувачите и дека не објавила повеќе од 15.000 такви документи.

Американските претставници соопштија дека неавторизираното објавување на документите може да доведе во ризик одредени поединци или да доведе во опасност воени операции.

XS
SM
MD
LG