Линкови за пристапност

Елена Каган дебитира на највисокиот суд во САД


Елена Каган дебитира на највисокиот суд во САД
Елена Каган дебитира на највисокиот суд во САД

Каган сепак нема да учествува во барем 24 од 50 случаи што Судот ги прифати за овој мандат заради потенцијален конфликт на интереси со нејзината претходна работа.

На судијката Елена Каган понеделник и` е прв работен ден во деветчлениот Врховен суд кој започнува нов мандат.

Каган беше потврдена на функцијата во август на местото на Џон Пол Стивенс, кој после 34 години замина во пензија. Нејзиното деби значи и дека за прв пат три жени се дел од највисокиот суд во земјата истовремено.

Каган сепак нема да учествува во барем 24 од 50 случаи што Судот ги прифати за овој мандат заради потенцијален конфликт на интереси со нејзината претходна работа како адвокат што ја претставува владината страна пред овој суд.

XS
SM
MD
LG