Линкови за пристапност

Студија: Висококалоричната храна - како и дрогата!


Студија: Висококалоричната храна - како и дрогата!
Студија: Висококалоричната храна - како и дрогата!

Научниците од Институтот Скрипс од Флорида спровеле тригодишно истражување врз глувци, откривајќи дека висококалоричната храна може да поттикне прекумерно конзумирање што резултира во прекумерна телесна тежина

Според американско истражување, луѓето може да станат зависни од нездрава храна исто како што зависниците од дрога не можат без кокаин и хероин.

Научниците од Институтот Скрипс од Флорида спровеле тригодишно истражување врз глувци, откривајќи дека висококалоричната храна може да поттикне прекумерно конзумирање што резултира во прекумерна телесна тежина.

Глувците биле поделени во три групи и им била давана човечка храна. Една група имала здрава балансирана диета. Друга група конзумирала ограничена количина на нездрава храна, а третата имала неограничен пристап до висококалорична храна, како на пример торти, сланина и колбаси.

Глувците од третата група за кусо време се здебелиле, а со тоа настанале и промени во хемискиот состав на мозокот.

Кога научниците електронски ги стимулирале деловите од мозокот што чувствуваат притисок, откриле дека животните кои јаделе нездрава храна имале потреба од поголема стимулација за да се забележи исто ниво на задоволство, како кај глувците кои се хранеле поздраво.

XS
SM
MD
LG