Линкови за пристапност

Авганистанското мировно собрание поддржува разговори со Талебан


Околу 1.600 делегати застанаа на страната на Карзаи за помирување, заокружувајќи ја 3-дневната мировна конференција или џирга во авганистанскиот главен град.

Авганистанските делегати на мировната конференција во Кабул велат дека ги поддржуваат плановите на претседателот Хамид Карзаи за мировни разговори Талебан, во обид да се стави крај на речиси 9-годишната војна.

Околу 1.600 делегати застанаа на страната на Карзаи за помирување, заокружувајќи ја 3-дневната мировна конференција или џирга во авганистанскиот главен град.

Меѓу предлозите беше и формирање на комисија што би ги предводела напорите за отпочнување на дијалог со Талебан.

Делегатите дебатираа и за потребата од поставување на предуслови, пред владата да почне преговори со бунтовничката група. Некои претставници ги повикаа САД да ги ослободат затворениците на Талебан кои се наоѓаат во армиски центри за притвор, доколку нема изречено обвинение за нив. Други делегати ги повикаа ОН да ги отстранат имињата на Талебан од црната листа.

XS
SM
MD
LG