Линкови за пристапност

„Џихад Џејн“ се изјасни дека не е виновна за заговор за убиство на шведскиот карикатурист


„Џихад Џејн“ се изјасни дека не е виновна за заговор за убиство на шведскиот карикатурист

Колин ЛаРос беше испрашувана во четвртокот во Филаделфија.

Американката, обвинета за учество во заговор со осомничени терористи од странство, се изјасни дека не е виновна по обвиненијата што вклучуваат обид за убиство на шведски карикатурист.

Колин ЛаРос беше испрашувана во четвртокот во Филаделфија.

Минатата недела американскиот Оддел за правда соопшти дека ЛаРос била вмешана во заговор за регрутирање на „насилни џихадистички борци“ за извршување убиства во странство. Во обвинението се наведува дека ЛаРос се претставувала како „Џихад Џејн“ и „Фатима ЛаРос“.

Човекот кого таа наводно сакала да го убие, е шведскиот карикатурист Ларс Вилкс, кој нацрта портрет на пророкот Мухамед што ги разгневи муслиманите.

Во обвиненеито стои дека ЛаРос регрутирала мажи преку интернет да изведуваат „насилен џихад“ или света војна во Јужна Азија и Европа, како и жени кои би можеле да патуваат низ Европа во поддршка на насилниот џихад.

XS
SM
MD
LG