Линкови за пристапност

„Зелени“ авиони на американскиот Пацифик


„Зелени“ авиони на американскиот Пацифик
„Зелени“ авиони на американскиот Пацифик

Бомбардери на американското воздухопловство се првите кои летаат на биолошко гориво

Борбените авиони на американската морнарица веќе изведоа тест-летови со гориво направено од растително масло. Минатиот месец, Американските воздухопловни сили ги претставија бомбардерите Еф-16 Тандербрдс кои станаа прв тим што користи таканаречено биолошко гориво. Порано годинава беа извршени и успешни тестови врз големите транспортни авиони од типот Це-17.

Според извештајот на приватниот конзорциум наречен Sustainable Aviation Fuels Northwest, се наведува дека користење на биолошко гориво, што практично претставува рафиниран алкохол од растенија како алги или соја, е помалку штетен за животната средина, чини помалку пари, споредено со гориво базирано за нафта.

Употребата на биолошките горива за потребите на авионската индустрија може и да ја намалат американската зависност од странска нафта. Некои компании, како Аљаска ерлајнс, велат дека компанијата регистрирала покачување на цената на горивото за 47 проценти.

Американскиот Пацифички северозапад е добро место за почеток на индустријата на гориво за авионите од обновливи извори. Исто така, повеќето од авионските компании и авионски производители, како Боинг се лоцирани овде.

Експертите велат дека биолошките горива минале низ ригорозни тестирања за нивна употреба во армијата и за комерцијални летови, а ја истакнуваат и потребата од нова федерална енергетска политика и отстапки за производство на ова гориво.

XS
SM
MD
LG