Линкови за пристапност

Започна џез фестивалот во Њу Орлеанс


Започна џез фестивалот во Њу Орлеанс
Започна џез фестивалот во Њу Орлеанс

Фестивалот е начинот на кој Њу Орлеанс им оддава почит на починатите музичари.

Приходот од билетите е наменет за поддршка на образовни и културни програми, како и за потребите на музичарите кои се соочуваат со потешкотии во кариерата. Фестивалот е комбинација на музиката, културата и традициите, уникатни за Њу Орлеанс.

Фестивалот е начинот на кој Њу Орлеанс им оддава почит на починатите музичари. Џез погреб за време на овој настан е традиција во овој град. Но и за живите музичари е голема чест да бидат поканети на Њу Орлеанс џез фестивалот.

Од 25-ти април до 2-ри мај, звуците на џезот, како и други музични форми што имаат корени во овој жанр, се слушаат од 12 бини поставени на локална патека за коњски трки.

Лерој Џонс свири џез околу 40 години. Тој се влубил во џезот на 12 години:

„Од џезот произлегоа други популарни форми на музика, комбинација на различни жанрови музика за да се добие поинаков звук. Но основата, темелите се вкоренети во џезот што започна тука во Њу Орлеанс“, вели тој.

Музиката на оваа група млади музичари е пример на различни стилови што произлегле од џезот и други локални музички форми, како кајџун, фолк, примеси на фанк, ритам и блуз.

Њу Орлеанс е идеално место за фестивал од ваков вид, иако не е ниту најголемата, ниту најстарата ваква манифестација во светот. Сепак таа е уникатна, бидејќи се одржува во местото - колевка на џезот. Џезот во моментов е засенет во популарност од други музички жанрови кои потекнуваат од него, но останува уникатна американска уметничка форма.

XS
SM
MD
LG