Линкови за пристапност

Јапонија: САД обезбедиле најголема поддршка по природната катастрофа


Јапонија: САД обезбедиле најголема поддршка по природната катастрофа
Јапонија: САД обезбедиле најголема поддршка по природната катастрофа

Перцепцијата за дарежливоста на САД го подобри севкупниот имиџ на Америка во Јапонија

Повеќето Јапонци во најнова анкета велат дека САД реагирале подобро споредено со други држави и меѓународни организации во обезбедувањето помош по катастрофалниот земјотрес и цунами на 11-ти март.

Според Центарот за истражување Пју со седиште во САД, 57 отсто од анкетираните Јапонци чувствуваат дека САД завршиле одлична работа во помагање на земјата. Ова споредено со 17-те проценти кои сметаат дека ЕУ имала водечка улога, 15 отсто кои велат дека ОН биле главниот фактор и 12 отсто кои сметаат дека најголеми напори за помош вложила Кина.

Американската армија обезбеди огромна поморска, воздушна и копнена операција за помош по катастрофата во Јапонија. Операцијата наречена Томадачи, што на јапонски значи пријатели, заврши на почетокот на април.

Перцепцијата за дарежливоста на САД го подобри севкупниот имиџ на Америка во Јапонија.

XS
SM
MD
LG