Линкови за пристапност

САД испраќаат помош за Јапонија


САД испраќаат помош за Јапонија

Носачи на авиони на пат за земјата која петокот ја погодија катастрофален земјотрес и цунами

САД испраќаат значителни армиски ресурси во западниот дел за да помогнат на жртвите од земјотресот во Јапонија.

Претседателот Барак Обама на прес-конференција во Вашингтон соопшти дека разговарал со јапонскиот премиер Наото Кан и дека му понудил помош, каква и да му е потребна. Еден носач на авиони веќе е во Јапонија, заедно со останати армиски ресурси, а друг носач е на пат.

Армискиот весник Старс енд страјпс го цитираше портпаролот на 7-мата флота Џеф Дејвис дека група носачи на авиони предводени од бродот „Роналд Реган“ е пренасочена кон Јапонија, за да помоге. Флотата првично беше упатена кон Јужна Кореја, каде требаше да учествува на воена вежба.

Американската армија претходно соопшти дека Јапонија побарала американска помош и дека неколку морнарички бродови во регионот веќе се товарат со хуманитарни намирници.

XS
SM
MD
LG