Линкови за пристапност

Двајца работници од Фукушима завршија во болница


Двајца работници од Фукушима завршија во болница
Двајца работници од Фукушима завршија во болница

Контаминирани додека работеле на обезбедување и оспособување на нуклеарната централа

Двајца работници од оштетената нуклеарна централа Фукушима биле примени во болница со лезии на нозете откако претходно биле изложени на високи нивоа на радијација, соопштија јапонските власти.

Шефот на јапонскиот владин кабинет Јукио Едано информираше дека тројца работници биле озрачени додека работеле на поправка на пумпите за разладување на реакторот број три во централата, што се смета за најопасен од вкушно шесте реактори, бидејќи делумно се напојува од нестабилен плутониум.

Работниците поставувале електрични кабли во основата на реакторот кога двајца од нив стапнале во контаминирана вода која ги испрскала по чизмите и нозете.

Во меѓувреме, продолжуваат напорите за обезбедување на нуклеарката од каде протекува опасна радијација уште од 11-ти март, кога Јапонија ја погодија силен земјотрес и разорно цунами.

Според националната полиција, досега се потврдени 9,800 загинати, 17.500 се водат за исчезнати, а околу 300.000 живеат во привремени засолништа.

XS
SM
MD
LG