Линкови за пристапност

Пронајдена радијација во водата за пиење во Токио


Пронајдена радијација во водата за пиење во Токио
Пронајдена радијација во водата за пиење во Токио

Повторно чад од еден од реакторите во Фукушима

Властите во Токио соопштија дека расте нивото на радиоактивност во водата за пиење во јапонскиот главен град и предупредија таа да не им се дава на децата.

И покрај предупредувањето, што предизвика разграбување на залихите на вода за пиење во шишиња во продавниците, властите ги повикаа 13-те милиони жители на градот да не креваат паника.

Тестирањето во една од главните станици за вода во Токио утврдило зголемено ниво на радиоактивен изотоп на јод – индикација дека радиокативните честици од оштетената нуклеарна централа Фукушима најверојатно по воздушен пат, преку дожд, навлегле во резервоарите за вода.

Во Фукушима, која се наоѓа на 250 километри северно од Токио, повторно беше прекината работата. Денес попладне се појави црн чад од реакторот број 3. Работниците се обидуваат да ја вратат електричната енергија во клучниот систем за разладување на нуклерката.

САД воведоа забрана за увоз на млеко и млечни производи, свежо овошје и зеленчук од јапонските префектури околу нуклеарката Фукушима.

XS
SM
MD
LG