Линкови за пристапност

Јапонија ја брани одлуката за истурање на радиоактивна вода во океанот


Јапонија ја брани одлуката за истурање на радиоактивна вода во океанот
Јапонија ја брани одлуката за истурање на радиоактивна вода во океанот

Продолжуваат напорите за сузбивање на катастрофата по земјотресот и цунамито

Јапонија застана во одбрана на ослободувањето на големи количини вода контаминирана со радијација во океанот, тврдејќи дека нема директна закана по здравјето или дека го крши меѓународното поморско право.

Денеска во океанот во близина на оштетената нуклеарка Фукушима беше регистрирана радијација неколку милиони пати повеќе од дозволеното ниво, каде што работниците испумпуваат илјадници тони помалку загадена вода во океанот.

Јапонскиот министер за надворешни работи Такеаки Мацумото денеска изјави дека Јапонија сторила се` за да ја минимизира контаминацијата во океанот, ветувајќи дека меѓународната заедница ќе биде информирана за какви било идни одлуки согласно регулативите на ОН.

Во меѓувреме, претставници на Јужна Кореја изразија загриженост дека исфрлањето на загадената вода може да стигне до нејзиниот брег.

Електричната компанија одговорна за работата на нуклеарката, ТЕПКО, соопшти дека во саботата бил измерен радиоактивен јод во водата со ниво од 7,5 милиони пати поголемо од дозволеното. ТЕПКО кажа дека денеска во океанот се исфрлени 2.800 тони радиоактивна вода од привремениот контејнер за нејзино складирање. Компанијата планира да испразни 10.000 тони вода од резервоарот за да ослободи простор за позагадена вода.

Владата соопшти дека за прв пат е регистрирано зголемено ниво на радиоактивност во риби што се користат во исхраната.

XS
SM
MD
LG