Линкови за пристапност

Нова евакуација на работници од оштетената нуклеарка во Јапонија


Нова евакуација на работници од оштетената нуклеарка во Јапонија
Нова евакуација на работници од оштетената нуклеарка во Јапонија

Бројот на жртвите од земјотресот и натаму расте

Јапонските власти соопштија дека екипата што работела на третиот реактор од нуклеарниот комплекс Фукушима е привремено евакуирана, откако било забележано дека од него излегува сив чад.

Надлежните денеска изјавија дека во воздухот не е регистрирано зголемување на радијацијата и дека работниците се` уште се обидуваат да ја утврдат причината за најновиот инцидент.

Нуклеарката се соочува со нова закана од радијација заради поројните дождови што го зафатија североисточниот дел на Јапонија неодамна погоден од катастрофалниот земјотрес. Во меѓувреме, проширени се рестрикциите за продажба на одредени прехрамбени производи контаминирани од радијација.

Екипите и натаму работат на разладување на другите реактори со млазеви вода. Заради невремето отежнати се и напорите за достава на храна, вода и други намирници со хелихоптери до изолираните локации погодени од земјотресот и цунамите на 11-ти март.

Бројот на жртвите од катастрофата и натаму расте. Во моментов потврдено е дека 8.600 лица загинале, а преку 13.200 се водат за исчезнати.

XS
SM
MD
LG