Линкови за пристапност

Нагасаки одбележа 65-та годишнина од нападот со атомска бомба


На настанот присуствуваа претставници од 32 земји, вклучувајќи ги и нуклеарните сили Британија и Франција.

Јапонскиот град Нагасаки одбележа 65-та годишнина од американскиот напад со атомска бомба.

Церемонијата започна во 11 часот и 2 минути по локално време, моментот кога САД ја фрлија бомбата на 9-ти август 1945-та година.

На настанот присуствуваа претставници од 32 земји, вклучувајќи ги и нуклеарните сили Британија и Франција. Американската амбасада во Јапонија издаде соопштение во кое се вели дека амбасадорот Џон Рос нема да може да присуствува на комеморацијата поради претходно закажани ангажмани, но тој присуствуваше на церемонијата во Хирошима во петокот.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун беше меѓу говорниците на комеморацијата во Хирошима, со што стана првиот секретар на ОН што присуствувал на редовниот годишен настан. Бан Ки Мун тогаш повика на уништување на сето нуклеарно оружје во светот.

XS
SM
MD
LG