Џејн Монхајт отсекогаш имала песна во срцето - почнала да пее кога научила и да зборува. На новиот албум „Дом“, им оддава почит на некои од врвните композитори на 20-от век, вклучувајќи го Џером Керн со нумерата - "Look For The Silver Lining."
Почнала да се занимава со професионално пеење уште во средношколските денови во родниот Њујорк. На 21-на година го издаде албумот "Never Never Land," – колекција од 10 балади што беа на врвот на џез-листата преку една година.
На „Дом“ се наоѓаат нова серија класични балади, од оние на Мак Гордон и Хари Варен "This Is Always,", до "I'll Be Around" на Алек Вилдерс.
Џејн објаснува дека насловот на нејзиниот нов албум - „Дом“ практично значи враќање на нејзините музички корени. Таа во моментов е на турнеја низ Северна Америка која ќе продолжи до мај 2011-та година.