Линкови за пристапност

Нетанјаху ја отфрла критиката на САД за становите во источен Ерусалим


Нетанјаху во обраќање пред влијателната произраелска група Американско-израелски комитет за јавни прашања понеделникот во Вашингтон истакна дека Ерусалим е главен град на Израел, а не населба.

Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху ја отфрли американската критика за изградбата на израелски станови во источен Ерусалим, во време кога се подготвува за средба во Белата куќа со американскиот претседател Барак Обама.

Нетанјаху во обраќање пред влијателната произраелска група Американско-израелски комитет за јавни прашања понеделникот во Вашингтон истакна дека Ерусалим е главен град на Израел, а не населба. Тој рече дека Евреите граделе во Ерусалим уште пред 3.000 години, а истото го чинат и денес.

Пред форумот се обрати и американската државна секретарка Хилари Клинтон, која предупреди дека новата израелска изградба во окупираните територии на источен Ерусалим и Западниот Брег ги доведува во опасност американските напори за почеток на индиректни израелско-палестински разговори. Палестинците тврдат дека тие територии се дел од нивната идна држава.

Се очекува Обама и Нетанјаху да дискутираат за блиско-источните мировни напори. Ова ќе биде нивна прва средба откако САД ја осудија одлуката на Израел порано месецов да одобри изградба на нови 1.600 домови во источен Ерусалим.

XS
SM
MD
LG