Линкови за пристапност

Нетанјаху го откажа учеството на нуклеарниот самит во Вашингтон


Нетанијаху вели дека арапските земји, вклучувајќи ги Египет и Турција, планирале да го искористат самитот за критика на Израел заради нуклеарниот арсенал што се претпоставува дека го поседува.

Израелскиот премиер Бенџамин Нетанијаху го откажа патувањето во САД планирано за наредната недела каде требаше да учествува на самитот за нуклеарна безбедност во организација на претседателот Барак Обама.

Израелски претставници соопштија дека Нетанјаху ја откажал посетата на Вашингтон, бидејќи арапските земји, вклучувајќи ги Египет и Турција, планирале да го искористат самитот за критика на Израел заради нуклеарниот арсенал што се претпоставува дека го поседува.

Израелските претставници велат дека раководителот на Израелската агенција за атомска енергија Ден Меридор, ќе присуствува на самитот наместо Нетанјаху.

Израел поседува два нуклеарни реактора, вклучувајќи еден во градот Димона што се верува дека би се употребил за зголемување на залихите на атомско оружје.

Израел никогаш нема потврдено или порекнато дека поседува нукларно оружје. Оваа земја го нема потпишано ниту Договорот за неширење на нуклеарното оружје, чија цел е запирање на ширењето на нуклеарните технологии со чија помош може да се произведе атомско оружје.

XS
SM
MD
LG