Додека одекнуваа сирени, Израелците со едноминутно молчење оддадоа почит на шесте милиони Евреи загинати во холокаустот.
Израелски претставници, преживеани и странски државници учествуваат на комеморациите во Ерусалим.
Ширум Израел, знамињата се на половина копје, местата за забава се затворени, а радио и телевизиските емисии се посветени на настанот.
Во Израел живеат преку 200.000 лица кои го преживеале холокаустот.
Американскиот претседател Барак Обама по повод Денот на холокаустот рече дека „стереотипите на омраза и предрасуди“ против еврејскиот народ, не смеат да се толерираат.