Линкови за пристапност

Нетанјаху замина од Вашингтон без решение за спорот околу Ерусалим


Нетанјаху пред заминувањето сепак подвлече дека постигнал напредок во соработка со Белата куќа за заживување на израелско-палестинскиот мировен процес, воедно зачувувајќи ги израелските национални интереси.

Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху замина од Вашингтон без да го реши спорот со САД околу израелскиот план за изградба на станови во источен Ерусалим. Тој по враќањето во Тел Авив треба да го информира седумчлениот потесен круг на владиниот кабинет за средбата со американскиот претседател Барак Обама и други американски претставници.

Нетанјаху пред заминувањето сепак подвлече дека постигнал напредок во соработка со Белата куќа за заживување на израелско-палестинскиот мировен процес, воедно зачувувајќи ги израелските национални интереси.

Белата куќа соопшти дека Обама на вторничката средба побарал од Нетанјаху „да преземе чекори на градење на доверба“ за индиректни преговори, во кои Вашингтон понуди да биде посредник.

Американски претставници се спротиставија на израелскиот план за изградба на станови за Евреи во источен Ерусалим, територија што Израел ја зазема во војната од 1967-та, а Палестинците ја сметаат за иден главен град. Нетанјаху понеделникот изјави дека Израел го смета целиот Ерусалим за свој главен град, а не за населба.

XS
SM
MD
LG