Линкови за пристапност

САД и Израел во обид да ги изгладат односите


САД и Израел се обидоа да изгладат еден од најсериозните спорови со години, преку издавање на соопштенија со кои ја потенцираа блискоста во нивните односи.

САД и Израел се обидоа да изгладат еден од најсериозните спорови со години, преку издавање на соопштенија со кои ја потенцираа блискоста во нивните односи.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон рече дека не гледа криза во американско-израелските односи и покрај нејзината неодамнешна осуда на планот за за изградба на населби од страна на Израел во спорната област на источен Ерусалим. Палестинците сакаат тоа да биде локација на нивниот иден главен град и бараат проектот да биде откажан.

Клинтон истакна дека САД споделуваат „тесна и стабилна“ врска со Израел. Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху на ова одговори со соопштение велејќи дека Израел „ги почитува и вреднува“, како што ги нарекува, „топлите зборови“ на Клинтон, како и американската определба за израелската безбедност.

Хилари Клинтон сепак повтори дека САД се „збунети и разочарани“ заради израелскиот проект на изградба, што беше објавен минатата недела. Таа подвлече дека Вашингтон е вклучен во интензивни разговори за охрабрување на Израел да преземе чекори што ќе ја покажат израелската определба за обнова на мировните разговори со Палестинците.

XS
SM
MD
LG