Законодавците во турскиот парламент ја повикуваaт владата да ги преиспита политичките, економските и воените врски со Изреал по израелскиот смртоносен напад врз конвојот бродови со хуманитарна помош за Газа.
Законодавците усвоија декларација во која нападот се нарекува јасно прекршување на правилата на ОН, како и на меѓународното право.
Турскиот министер за надворешни работи Ахмед Давутоглу, истакна дека неговата земја бара да се формира меѓународна комисија што ќе води истрага за израелскиот напад.
Турција, која загуби четворица граѓани во нападот, ги предводи меѓународните критики за операцијата на Израел. Турските претставници на неколкупати повикаа на спроведување на независна истрага, додека САД велат дека поддржуваат интерна истрага од страна на Изреал.
Американскиот претседател Барак Обама во вторник имаше телефонски разговор со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. Белата куќа издаде соопштение во кое Обама го изразува своето сочуство за загубата на Турција и ја истакна важноста од изнаоѓање на подобри начини за обезбедување на хуманитарна помош за Газа без подривање на израелската безбедност.
Турција повика на укинување на израелска блокада во регионот.