Линкови за пристапност

Остри меѓународни реакции по израелскиот напад врз хуманитарната флотила за Газа


Остри меѓународни реакции по израелскиот напад врз хуманитарната флотила за Газа
Остри меѓународни реакции по израелскиот напад врз хуманитарната флотила за Газа

Израелските командоси убиле десетина лица при нападот врз флотилата што пренесувала помош за Газа.

Петнаесет-члениот Совет за безбедност се состана на барање од земјите-членки Турција и Либан. Турски брод бил на чело на конвојот бродови што пренесувал хуманитарна помош за Газа.

Високиот комесар за заштита на човековите права при ОН, Нави Пилај е уште еден во групата осуди од меѓународната заедница на израелскиот напад. Пилај воедно ги осудува неселективните ракетни напади од Газа врз Израел, но вели дека тоа не е изговор за владините сурови мерки против населението на оваа палестинска територија.

Таа е особено критички настроена на израелската блокада на Појасот Газа, велејќи дека е тоа секојдневно кршење на човековите права.

Пилај подвлече дека неодамна е забележано незначително зголемување над дозволеното количество добра кои се внесуваат во Газа.

„Сепак, актуелната ситуација е далеку под потребното ниво на добра и услуги за населението да може да живее нормално и достоинствено. Шокирана сум од извештаите дека хуманитарната помош била пресретната со насилство“, изјави Пилај.

Израелските командоси убиле десетина лица при нападот врз флотилата што пренесувала помош за Газа. Израел вели дека одговорил на нападот врз неговите војници и дека десет од нивните луѓе биле ранети. Израелскиот премиер Бенџамин Нетанијаху ја прекина посетата на Канада и се врати во Израел. Тој изјави дека израелските командоси биле нападнати од активистите и реагирале во самоодбрана. Сепак, претставниците на движењето Слободна Газа, организатор на конвојот хуманитарна помош, рекоа дека активистите немале насилнички намери.

Со реакција се огласија и арапските лидери. Арапската лига свика вонредна седница на која ќе се разговара за кризата, како одговор на барањата на неколку земји членки да се изготви колективна осуда на израелската операција.

Генералниот секретар на лигата, Амр Муса повика и на преиспитување на арапските односи со Изреал.

Емирот од Карат, шеикот Хамад бин Јасим исто така го осуди нападот на Израел на бродовите со про-палсестински активисти, барајќи инцидентот да се искористи како повод за укинување на израелската и египетска блокада на Појасот Газа.

Во меѓувреме, либанскиот премиер Саад Харири, чија земја во моментов претседава со непостојаните земји на Советот за безбедност на ОН, повика од претставникот на Либан да свика вонредна седница на Советот на која ќе се расправа за ситуацијата.

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад, кој редовно го обвинува Израел, инцидентот го нарече „нечовечки.“

XS
SM
MD
LG