Линкови за пристапност

Израелските сили нападнале хуманитарен конвој на бродови упатен кон Газа


Израелските сили го нападнале конвојот преку ноќ и на бродовите упаднале од хелихоптери, отварајќи оган врз најмалку еден од нив.

Израелската морнарица нападна конвој од шест бродови на кои се наоѓале про-палестински активисти упатени на хуманитарна мисија во Појасот Газа. Израелските командоси убиле најмалку 10 патници на бродовите.

Израелските сили го нападнале конвојот преку ноќ и на бродовите упаднале од хелихоптери, отварајќи оган врз најмалку еден од нив. Активистите велат дека притоа биле повредени најмалку 30 лица.

Израелската армија вели дека командосите отвориле оган откако активистите ги нападнале со ножеви, камења, метални цевки и огнено оружје. Армијата додаде дека борбите ескалирале откако активистите одзеле оружје од еден војник. Во судирите биле повредени и неколку израелски војници.

Израелскиот заменик-министер за надворешни работи, Дени Ајалон ги обвини активистите за „насилнички“ намери, но претставниците на движењето Слободна Газа, велат дека тие само се обидуваат да привлечат внимание на израелската тригодишна блокада на Газа.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја осуди израелската операција, нарекувајќи ја „масакр.“ Турското Министерство за надворешни работи изјави рече дека упадот бил „неприфатлив“ и го предупреди Израел дека ќе се соочи со последици.

На бродовите имало преку 600 про-палестински активисти и 10.000 тони намирници.

XS
SM
MD
LG