Специјалниот американски претставник за Блискиот Исток Џорџ Мичел, се очекува да допатува во САД, откако неговиот најнов напор за отпочнување на директни израелско-палестински разговори, не даде резултати.
Израелскиот премиер Бенџамин Нетанијаху за време на средбата со Мичел во Ерусалим истакна дека Израел е подготвен за директни мировни разговори со Палестинците, но без поставување на предуслови.
Мичел од своја страна порача дека САД ги споделуваат израелските примедби и ќе продолжат да соработуваат со израелските лидери, како и со палестинскиот претседател Махмуд Абас.
Палестинците бараат и замрзнување на изградбата на израелски населби на територија што Палестинците ја сметаат за идна држава.