Линкови за пристапност

Блискоисточниот квартет побара Израел да прекине со градење на населби


Квартетот во кој членуваат САД, ОН, ЕУ и Русија побара и продолжеток на израелско-палестинските мировни преговори, со цел да се постигне конечен договор во рок од 24 месеци.

Меѓународниот квартет за мир на Блискиот Исток го повика Израел да прекине секаква изградба на населби и ги повика Израелците и Палестинците да се вратат на мировните преговори.

Во соопштенито што го прочита Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун по средбата на Квартетот во петокот во Москва уште еднаш се осудува планот на Израел да изгради 1.600 нови домови во источен Ерусалим и се наведува дека анексирањето на областа не е меѓународно признато.

Квартетот во кој членуваат САД, ОН, ЕУ и Русија побара и продолжеток на израелско-палестинските мировни преговори, со цел да се постигне конечен договор во рок од 24 месеци.

Израелскиот министер за надворешни работи Авигдор Лимерман петокот возврати со коментар дека мирот не може да се наметне вештачки со нереален календар. Според Либерман, Квартетот им дава на Палестинците впечаток дека може да користат лажни изговори за да избегнат директни разговори.

Главниот палестински преговарач Саеб Ерекат го поздрави соопштението на Квартетот и го повика будно да ги следи чекорите на Израел околу изградбата на населби во окупираните територии.

XS
SM
MD
LG